iqMP3

Sweet Rapscallions - EP I AM

Free Download links


Sweet Rapscallions - EP I AM
MP3 version


1645 downloads at 21 mb/s

Sweet Rapscallions - EP I AM
FLAC version


1442 downloads at 19 mb/s

Tracklist

01 The Days Of The Cultivated Pearl
02 Lonely Drop
03 Perplexities
04 Air

Notes

Битола. Како деца учевме дека е главен град во Пелагонија, подрачје каде некогаш се одгледувал најквалитетниот афион во Европа и место каде средно школо учел Кемал Ататурк, реформатор и либерал кој владеел со Турција 90 години пред Сулејман Величенствениот. Како возрасни ја препознаваме по убавите жени, мноштвото кабадаји и се разбира, како град со најголем број концептуални уметници по глава на жител јужно од Берлин. Од последнава сорта се и хероите на нашето четврто издание.

Колегиум е арт колектив составен од група млади луѓе кои делуваат на маргините на битолската сцена во обид да креираат автомомен и функционален простор/полусвет налик на сличните уметнички проекти на авангардата од 20-от век. Креативци и сонувачи од различни профили обединети со јасна цел, да се осеќаат возвишено добро во својот град, а како организатори на ,,Фестивалот за 300 работи’’ да направат и другите да стигнат ,,таму’’.

Sweet Rapscallions е бенд/музички огранок на овој колектив во кој учествуваат момци и девојки од кои тројца се членови на 3 Minutes in the Rain, состав кој ги собра симпатиите на музичките фанови минатата декада. Ритам секцијата и продуцентот на овој бенд појачани со неколку локални музичари го потпишаа ова деби издание кое можеби спонтано, но по својот музички сензибилитет крајно логично завршува во нашата прегратка.

Ако некој не ја познава Битола од воведот на овој текст, слушајќи го ова EP ќе помисли дека тоа е град на фабрики, бетон, челик и магла или со други зборови, дека владата успеала. Мрачна интроспекција за баналноста на постоењето во средина која е надвор од главните текови на модерното или продукт на комуникациската ера која виртуелно поеднаквува правејќи ве легитимен граѓанин/автор на Светот?
Сеедно, ова е крајно современ музички став. Модерно стилизиран арт-поп звук во чиј ДНК ќе најдете траги од францускиот поп од 60-те или британската прогресвина сцена од почетокот на 80-те години на минатиот век сместени во автентично мрачен, речиси индустриски амбиент и сугестивен вокал кој суптилно ,,жуља’’ мозок колку да ве потсети дека нешто е патолошки погрешно во Светот околу нас. Или можеби не е, тој станал дистописки совршен, а ние јужначки тупави и неприлагодени налик на оние несреќници позади оградите во мрачните визии на Хаксли.
Како и да е, оваа музика го носи духот на Светот и времето денес и тоа како глобализациски прилог директно од малата романтична Битола, заспана некаде длабоко на европскиот југ.

Како идеолошка предлошка на изданието, овие момци и девојки ви го нудат својот идентификациски модел, т.н. епием:

Епиемот може да биде уметник, автор на дела, материјална и нематеријална алатка, прочистувач на идентитети, разлика помеѓу делото и човекот. Епиемот не е алтер его, индивидуа, личност, маска, лик, псевдоним, дигитален профил. Епиемите живеат во нивното царство.

Затоа, повелете во царството на епиемите.

П.С.
Последна вест: Дрогата ,,крокодил’’ се појави на битолските улици.
Sweet Rapscallions - EP I AM
Singer:
Sweet Rapscallions
Album's title:
EP I AM
Genre:
FLAC album's ZIP/RAR size:
1645 mb
MP3 album's ZIP/RAR size:
1442 mb
Label: Sharla ‎– 004
Type: CDr, EP, Limited Edition 4 x File, MP3, 320
Country: Macedonia
Date of released: 11 Apr 2014
Category: Pop
Style: Indie Pop
Rating:
4.9
Other formats:
WAV RA VOC MP1 MP4 MIDI VOX
© 2018 Copyrights
Free download music albums iqMP3.com